По распродадените концерти на 15 и 16 февруари на Каролина и Македонската филхармонија, „Авалон продукција“ најавија уште два нови концерта, на 20 и 22 февруари. На концертот Каролина ќе отпее дел од песните од проектот „Македонско девојче“, „Извор“ и некои од најубавите песни од претходните албуми, во комплетно нови аранжмани.

Влезниците по цена од 1.000 денари се веќе во продажба онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

Фото: Стефан Рајхл