28.09. 2018 Вардарски Пастуви во театар Комедија во  режија на Синиша Евтимов. Улоги: Џаро – Атанас Атанасовски, Брзи  – Валентин Костадиновски – Тино, Жица – Жарко Димоски, Касап – Илија Илиоски, Лепи – Столе Мицов, Роки – Едмонд Сотир, Шеф – Ердоан Максут, Лина – Жаклина Петровска.

„Вардарски пастуви“ скопска приказна за скопски ликови, во коишто секој може да се препознае, а скопскиот урбан говор ја издвојува како самостојна драматуршка целина Станува збор за скопска маалска група другари – навивачи, на кои најголема љубов им е ФК Вардар. Нивниот начин на живот „на маргините“ и по хаусторите на Скопје ги издвојува од корпоративниот свет и трката по успех, па во недостиг на финансиска моќ при еден од нив наоѓа оглас за работа: се бараат млади, згодни и убави момци… за машки стрипти