Во кафулето „Амбрела“ во Градскиот трговски центар, денес од 16 часот ќе се одржи хуманитарна василичарска забава „Сите под еден чадор“ за децата со посебни потреби од градинките во општина Гази Баба. На влезот во кафулето ќе биде поставена кутија за донации, а и дополнителни 20 отсто од прометот за време на настанот ќе бидат наменети за купување дидактички материјали за работа со децата со посебни потреби. Хуманитарниот настан го организираат Филозофскиот факултет и Дирекцијата за заштита и спасување.

Кафулето „Амбрела“ е прв локал кај нас во кој гостите ги послужуваат лица со попреченост.