Поп-пејачот Влатко Лозаноски – Лозано вечерва ќе одржи концерт во ВИП Арената во Скопје, а во организација на „Авалон продукција“. Ова е негов прв голем концерт по повеќе од десет години на сцената, период во кој ги отпеа хитовите „Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и многу други. Влатко има снимено три студиски албуми, а освоил награди на повеќе од 20 фестивали во Македонија и во регионот.