На 22 декември во кино „Милениум“ седма година по ред ќе се доделат „Твитер наградите“ на кои ќе се прогласат најдобрите корисници на социјалната мрежа „Твитер“, но и неколкумина што се активни и на други социјални мрежи, како што се „Инстаграм“ и „Фејсбук“. Првпат на оваа манифестација ќе бидат наградени и видео блогерите од Македонија.

Корисниците на „Твитер“ сами номинираат и сами гласаат за најдобрите, кои се избираат во 24 категории. Гласањето започна на 7 декември, а ќе трае до 17 декември 2018 година.