Во пресрет на новогодишните празници, вечерва  ќе има забава и музичка програма во новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“.

Програмскиот дел почнува во 11 часот со настап на улични забавувачи и забавување со карактерите од царството на Волт Дизни.

Вечерната музичка забава почнува во 20 часот со настапот на музичката група „Tafa and the bend“, а продолжува во 22 часот со ДЏ сет на Тони Зен и „Boogieman“.