Еден од најистакнатите македонски писатели, Венко Андоновски, вечерва ќе ја промовира својата нова книга, насловена „Припитомување на кучката“. Книгата, во издание на „Три“ ќе се одржи во клуб-ресторанот МКЦ, вечерва со почеток во 19 часот.

Венко Андоновски по подолго време се враќа на жанрот преку кој стана познат во нашата книжевност – краткиот расказ. Со оваа книга раскази, која доаѓа по исклучителниот успех на неговите романи „Папокот на светот“ (15 изданија) и „Вештица“ (9 изданија), како и по успехот на неговите драми, особено „Олово на перница“, „Генетика на кучињата“, „За секого има по една“ и „Господарот на кукавицата“, Андоновски се враќа на прозниот минимализам.