Ултимативната икона на њујоршката авангарда за прв пат во Скопје. Позната како „вештерката“, која ветува музичка и уметничка возбуда, вечер во МКЦ  од 23:00. Lydia Lunch со Big Sexy Noise., скопска журка со мрачен хеви блуз. Билети во претпродажба по цена од 300 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс или на Билетарница МКЦ. На ден на концертот картата е 400 денари.