На 6. јануари пред црквата „Свети Димитриј“ во центарот на Скопје ќе се одржи бесплатна божикна претстава, а актерот Дејан Лилиќ ги покани сите љубители на театарот да бидат дел од божикната манифестација.

Претходно и пејачите Влатко Лозаноски и Димитар Андоновски ги поканија скопјани да дојдат пред храмот.

„Претставата може да ја гледаат сите деца, родители, баби и дедовци. Бадниково чајче и бадниково колаче ќе добие секое дете што ќе дојде на празничната манифестација, а ќе следуваат и голем број други изненадувања“, рече Лилиќ.

Претставата ќе почне во 20 часот.