Никола Перевски Пере од „Нокаут“ и Игор Џамбазов преку видео порака на социјалните мрежи ги канат фановите на нивниот концертот во хотел „Мериот“.

„Немој да не сте дошле“, вели Игор Џамбазов во видеото.

Концертот е денес, на 27 декември од 21 часот, а специјален гостин ќе биде Гуру Харе. Песните од концертот ќе бидат ставени на новиот албум на бендот.

Влезниците по цена од 2000 денари се веќе во продажба.