Вечерва во Македонската филхармонија љубителите на класичната музика ќе можат да уживаат во виенските валцери и да ја почувствуваат музичката магија која низ светот ја шири Виенскиот класичен оркестар.

Виенскиот класичен оркестар е основан 1998 година, кога најзначајните солисти на неколку класични формации во Виена решаваат да го постават почетокот на најелитниот, врвен оркестар кој ја фасцинира публиката со настапите низ целиот свет.
Овие врвни музичари се членови на Виенската филхармонија.

Организатор на концертот, што ќе почне во 20:30 часот, е „Прагма продукција“.