На 16 март во хотелот „Александар Палас“, ќе се одржи Виенскиот Бал во Скопје. Ова е 20 издание на  балот. Виенскиот Бал во Скопје на нашиве простори стана синоним за успешна културно–уметничка манифестација, и тоа пред се како резултат на долгогодишната, одлична соработка меѓу организаторот на Балот – Здружението за културна соработка Јохан Штраус и покровителот на оваа уметничка манифестација – Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија.

И оваа година Виенскиот бал има хуманитарен караткер.