Во рамки на фестивалот Есенски музички свечености 2018, вечерва во Музеј на град Скопје од 20:00 часот концерт ќе одржи камерениот оркестар „Амаросо“ од Србија. Тие ќе свират музика од Вивалди, Моцарт, Рахмањинов, Јенко, Бинички, Папандопуло, Бајиќ, Бабиќ и други.

Камерниот гудачки оркестар „Амаросо“ е формиран во март 2002 година. Оркестарот го сочинуваат професионални музичарти од Лесковац и Ниш. На репертоарот на ансамблот се дела на класичната музика од барок до 21. век. Оркестарот досега има одржано голем број концерти во земјата и странство.

Влезот е слободен.