Кога едно сосема нормално семејство ќе се собере за да се запознае со идниот зет, се очекува секој да даде сѐ од себе, да ги смири своите човечки слабости, да ги потисне внатрешните проблеми, не толку сјајните карактерни особини. Се очекува да оставите максимален впечаток на другата страна, до степен да се прашува со што ја заслужил таа неверојатна среќа да ве сретне токму вас како прибежиште, како иднина, како судбина – сето ова во претставата „Кец на десетка“ вечерва во МНТ од 20 часот.

Во главните улоги настапуваат Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан и Ивица Димитријевиќ.

Цената на билетот е 300 ден.