Во просториите на Природонаучниот музеј на Македонија вечерва во 20 часот ќе се отвори архитектонската изложба „Загрозени видови“, резултат на истоимениот истражувачки проект на авторите Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков.

Истражувачкиот проект „Загрозени видови“ е насочен кон изборот на значајни градби од поновата архитектонска историја на Скопје, кои претставуваат архитектонско наследство и на различен начин и во различен обем учествуваат во обликувањето на современиот архитектонски идентитет на градот.

Преку архитектонската поставка авторскиот тим сака да ја потсети јавноста на уште еден архитектонски атефакт, самата зграда и вредната збирка наоди на Природонаучниот музеј на Македонија.