Српскиот пејач и автор Жељко Јоксимовиќ вечерва ќе одржи два концерта во Скопје. Тој ќе настапи во МОБ од 19 и 22 часот, каде ќе се претстави со нов репертоар, но и со старите негови хитови. Жељко и лани имаше концерт во Скопје, кога ја наполни ВИП Арената „Борис Трајковски“. Организатори на концертот се „Прагма Продукција“.