Вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар ќе се игра претставата „Животот на Молиер“ по текст на Михаил Булгаков, а во режија на Александар Поповски.

Во главните улоги настапуваат Никола Ристановски, Сашка Димитровска, Емил Рубен и други.

Влезницата чини 300 денари.