Београдскиот народен театар вечерва од 20 часот гостува во МНТ со претставата „Зојкин стан“. Михаил Булгаков, авторот на делото од 1929 година, по кое е работена претставата, рекол дека сакал да го опише автентичниот живот во Москва, каде московските бордели се криеле зад параванот на кројачко ателје. Приказната е инспирирана од апсењето на Зоје Бујалскаја, чиј стан се користел како коцкарско дувло.

Претставата е во режија на Наташа Поплавска, а настапуваат Ана Софреновиќ,  Андрија Кузмановиќ, Милан Чучиловиќ, Јадранка Селец, Милица Петровиќ и други.