(Фото) Новата ѕвезда на Јувентус, Дејан Кулушевски, се релаксира во Охрид

Новото шведско засилување на Јувентус, Дејан Кулушевски, одморот го минува во Охрид. Тој сподели неколку фотографии на социjалните мрежи, заедно со својот соиграч Жоел Асоро како пловат со глисер на Охридското Езеро.

Асоро е неговиот соиграч од младинската шведска репрезентација и заедно со него ја посети земјата од каде што потекнуваат родителите на Кулушевски.

20-годишниот Кулушевски, кој играше за македонските младински репрезентации, избра да го носи шведскиот дрес во сениори. Тој премина од Аталанта во Јувентус за 35 милиони евра плус бонуси, а минатата сезона ја заврши во Парма.

Scroll to Top