Ева Лонгорија шик во комбинезон од македонскиот дизајнер Тони Матичевски

Холивудската ѕвезда Ева Лонгорија носеше комбинезон од дизајнерот Тони Матичевски на доделувањето на наградите Variety Creative Impact Awards, кое се одржа во Палм Спрингс. Лонгорија е голема обожавателка на креациите на македонскиот дизајнер, па често се појавува во негови фустани на јавни настани. 

Комбинезонот во боја на песок, со набор околу половината, голема крагна и расцепени ракави, е дел од новата ресорт колекција на Матичевски, која ја промовира во моментов.

Scroll to Top