Фустанот на Брена што го плукаа сите го облече германска инфлуенсерка

Леони Хане, највлијателната модна инфлуенсерка во светот, облече сличен фустан како српската пејачка Лепа Брена на ревијата на Скиапарели. Таа носеше пократка верзија на фустанот и го искомбинира со чизми, златна чанта и обетки.

Фустанот кој го носеше Брена на новогодишната програма на Нова ТВ, предивика голем број негативни критики. Фановите на пејачката коментираа дека тоа е најгрдиот фустан што некогаш го облекла пејачката.

Брена тогаш одговори на критиките дека е за лажни моралисти, кои ги имало премногу.

„Се што е нормално не привлекува внимание и им пречи оваа мала провокација во форма на фустан. Каков лажен морал. Додека во денешно време партнерите убиваат жени, силуваат девојки и не ги прифаќаат правата на геј популацијата, а да не зборуваме за војната во 21 век и ширењето на верска и национална омраза,  насликани златни гради на фустан се проблем. Па, тие се мојот мал придонес за сите лажни моралисти во овие тешки времиња во кои живееме“, изјави таа за „Слободна Далмација“.

 

Инаку, платформата Launchmetrics која се занимава со мерење и споредување на влијанието на медиумските пласмани на брендовите во областа на модата и убавината, во октомври минатата година објави листа на десетте најуспешни модни инфлуенсери, со оглед на популарноста на нивните објави за време на модните недели во Париз, Њујорк, Милано и Лондон.

Првото место го зазеде Леони Хане, родена во Хамбург. До 2014 година работела како стратешки консултант. Потоа ја напуштала работа и започнала да пишува на модниот блог Ohh Couture. Таа соработувала со бројни модни брендови меѓу кои Томи Хилфигер, Диор, Картие, Тори Бурч, Фенди, Сваровски и Живанши, а беше заштитно лице на глобалните кампањи за Луј Витон и Ла Мер.

Scroll to Top