Ако го убијат Ким Џонг-ун, на земјата ѝ се закануваат страшни сценарија

Многумина се прашуваат што би се случило доколку севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун биде елиминиран и како Северна Кореја би продолжила во тој случај.

По големата вербална пресметка со американскиот претседател, Доналд Трамп, Ким Џонг-ун решил да се состане со својот колега, а Шведска е земјата за која се претпоставува дека би била можната дестинација за одржување на нивната средба.

Иако целиот свет сака да застане на патот на нуклеарните закани преку дипломатски пат, многумина си го поставуваат прашањето дали убиството на Ким Џонг-ун би било идеално решение. Дали неговиот наследник би водел поинаква политика?

Ким Џонг-ун го наследил тронот по смртта на неговиот татко Ким Џон-ил во 2011 година. Веднаш потоа Ким се ослободи од сите можни противници и непријатели, како надворешни така и внатрешни. Еден од нив бил и неговиот брат Ким Џонг-нам, кој бил убиен во напад со хемиски отров на аеродромот во Малезија. Многумина се сомневаат дека нападот бил изведен по наредба на неговиот брат. Нам бил познат критичар на својот брат и силен противник на неговиот режим. Во 2014 изјавил дека бил свесен дека неговиот живот е во опасност.

Се вртеле и приказни за убиството на неговата тетка, која била и негов ментор, а својот внук го убил во 2013 година, а потоа неговото тело било фрлено како храна на прегладнети кучиња.

Никој не знае кој би можел да го наследи на престолот на Северна Кореја.

„Не знаеме кој би можел да го преземе водството, но тоа не би било крај на династијата Ким. На власт сигурно би донеле некој друг“, вели професор Енди Џексон од Универзитетот „Монаш“.

Пред смртта на неговиот татко речиси никој ништо да не знаел за него, што значи дека во случај на неговата смрт на чело на земјата би бил некој од семејството Ким, па дури и ако служи како марионета.

„Можеби постои легитимен наследник за кој ние не знаеме, а кој ќе го наследи на тронот“, истакнал Џексон. Иако имавме примери во историјата незадоволните маси да ги рушат своите диктатори, Џексон смета дека промената на режимот треба да дојде од внатрешните кругови на моќ. Единствен начин е да го убие некој кој му е близок, кој има пристап до него. Тоа веројатно ќе го промени режимот. Тоа или некаков државен удар“, смета Робер А. Менинг, поранешен соработник во Атлантскиот сојуз.

Како можен наследник се наведува и постариот брат на Ким Џонг Ун, Ким Џонг Чул (36). Иако е постар, нивниот татко не сакал да го замени тој, поради тоа што го сметал за феминизирам, слаб и декадентен.

Експертите сметаат дека убиството на лидерот на оваа земја не е решение. Џејкоб Шапиро, аналитичар за „Geopolitcal Futures“, истакнува дека режимот на Северна Кореја не го прави еден човек.

„Ако го убиете Ким, тој кој ќе го наследи, ќе има страствена поддршка од 25 милиони луѓе во земјата. Северна Кореја би била најблиска за тоа што го велиме тоталитарен режим. Черчил еднаш рекол дека диктатурата е минлива работа, затоа што ако општеството е во врска со надворешниот свет, тоа ќе сака промени, и не може долго да издржи таква власт. Но, луѓето во оваа земја немаат контакт со надворешниот свет, пристапот до интернет е ограничен, а пропагандата е на секој чекор. Меѓународната заедница мисли дека изолацијата е решение, но Северна Кореја е земја која сака да биде изолирана“, истанува Џејкоб.

Северна Кореја нуклеарното оружје го гледа како единствен начин за да преживее. Ако го убијат Ким, војската ќе биде приморана да продолжи да се бори за Демократска Народна Република Кореја, поради лојалноста на раководството. Без управувањето на Ким Северна Кореја би можела да западне во хаос. Во тој случај за да се осигура мирот нуклеарното оружје ќе мора да се стави под контрола. Постојат прогнози за напади од страна на Кина од една страна, и САД и Јужна Кореја од друга страна. Најлошто сценарио би можело да се случи кога би се активирале нуклеарните оружја, а најдоброто сценарио би било кога Ким Џонг Ун би бил елиминиран, а неговиот близок од раководството би дозволил услови за повторно обединување на корејскиот полуостров.

 

Scroll to Top