Амбициозен руски проект што ја исплаши Америка

Западните медиуми повторно му забележуваат на Путин поради тоа што рускиот претседател наводно работи на обидот да завладее со светскиот пазар на гас.

Всушност, се грижат за тоа што Русија докажа дека е во состојба да реализира многу скапи проекти и покрај санкциите што ѝ беа доделени од страна на западните сили. Ваквата состојба претставува непријатно сознание за оние што го предвидуваа колапсот на развојот на амбициозниот енергетски руски проект на Арктикот.

„Русија е подготвена за глобална доминација во тој сегмент“, ги предупредуваат своите загрижени читатели уредниците од британскиот весник „Телеграф“. Успешниот почеток на проектот „Јамал СПГ“ на Запад го доживуваат трескавично.

Еднакво болно се прифаќа секое активно руско дејствување на глобалната конкуренција на светскиот пазар на течен гас. Тоа што најмногу боцка е тоа што токму САД претендираат на апсолутна доминација во овој сегмент на пазарот.

Посетата на саудискиот министер за енергетика, Халид Фалиг, на проектот „Јамал“, само потврдува дека оваа превласт на светскиот енергетски пазар очигледно не се движи во корист на Вашингтон.

За жал на западните конкуренти на Русија, проектот „Јамал“ доби прилична финансиска поддршка од Кина во моментите кога се воведени санкции. Од друга страна, и покрај истите тие санкции, францускиот партнер „Тотал“ на овој проект останал до крајот.

Во овој контекст не чуди и фактот што рускиот арктички танкер за пренос на гас „Кристоф де Маргери“, првата достава на течен гас ја транспортира во Кина. Овој факт не може, а да не ги разлути авторите на антируските санкции имајќи предвид дека на почетокот планот им бил со течен гас да ја осигурат Европа и да ја направат енергетски независна од Русија.

Она што се гледа во пракса е дека рускиот течен гас послужил како диверзификација на кинескиот увозен гас. Врз основа на пишувањата на „Скај њус“, за пркосот на Путин аналитичарите сметаат дека за вакво нешто треба да се сними мелодрама.

За западните партнери посебно интересен е фактот што „Јамал“ беше посетен од страна на саудискиот министер за енергетика, Халид Фалих.

Благодарение на тоа што државникот од Ријад деловно престојувал на рускиот арктички полуостров, западните медиуми дознале два интересни факта за мистериозната Русија, која постојано го шокира светот.

Првата е дека во Русија високотехнолошкиот резервоар на гас истовремено претставува и објект за модерна уметност затоа што потсетува на легендарната конзерва за кондензирано млеко од советскиот период.

Друг факт е што рускиот претседател повторно покажал дека поседува единствен талент во сферата на дипломатијата и меѓународната трговија. Впрочем, кој друг би успеал да им продаде гас на Саудијците? Да не заборавиме дека тоа не е едноставен потфат и дека потсетува на моментот на продажба на сибирскиот снег на канадските Ескими.

„Купете го нашиот гас и штедете ја својата нафта“, му предложил Владимир Путин на саудискиот министер.

Халид Фалих одговорил дека тие самите произведуваат гас во прилично големи количини, но дека Саудиска Арабија навистина може да заштеди доста нафта ако увезе руски течен гас.

Иако до неодамна идејата дека Саудиска Арабија може од Русија да купи течен гас изгледала целосно нереално, можно е најавената испорака на руски „S-400“ да му даде на Ријад одредена самодоверба и ветер во грбот, па американските извозници на течен гас да останат без клиенти.

Без оглед на тоа што западните медиуми со голема грижа и трпение пишуваат за плановите на Москва за доминација на светскиот енергетски пазар, праксата покажува дека рускиот пристап на изградба и засилување на енергетска супер држава според резултатите што ги дава принципиелно се разликува од американскиот пристап.

Русите своите енергетски ресурси никогаш не ги продаваат под принуда или поради разните геополитички уцени. Како што може да се види од примерот на Кина, Саудиска Арабија и ЕУ, соработката со Русите во енергетската сфера не само што овозможува пристап на нафта и гас до секоја држава туку и одредена слобода од диктат од вашингтонските „јастреби“ и американската администрација.

Scroll to Top