Американската војска уби 45 невини цивили во Сирија

By

Американската војска усмртила најмалку 45 недолжни цивили во Сирија по спроведените воздушни напади кои беа насочени кон, како што тие велат, al-Touse’eiyah во градот Ал-Рака.

Според локалните извори и вестите од медиумите во понеделникот, американските авиони намерно целеле кон граѓаните во јавноста под изговор дека извршиле напади врз ИСИС.

Инцидентот стигнал само ден откако таканаречената сириска опсерваторија за човекови права извести дека повеќе од 3.000 луѓе, вклучувајќи и речиси 1.000 цивили, се убиени во последниот месец во Сирија, известува Presstv.com.

Американската коалиција ги водеше воздушните напади против оние што се дел од ИСИС, внатре во Сирија во септември 2014 година, но без одобрение на сириската и владата во Дамаск ниту, пак, мандат од ОН.

Воениот сојуз во повеќе наврати е обвинет дека цели и убива сириски цивили. Тој исто така покажа голема неспособност да ја оствари својата декларирана цел, односно да го уништи ИСИС.

Гутереш и ротирачкиот претседател на Советот за безбедност на Обединетите нации, Абделатиф Абоулат, на 24 август изјавија дека коалицијата на чело со САД направи воени злосторства против човештвото преку воздушните бомбардери на станбените квартови во сириските градови.

 

 

Ќе ви се допадне