Американските пилоти во потрага по мистериозно летало

Владата би требало повеќе да ги истражува сите случаи на неидентификувани летала што се наоколу, напишал Кристофер Мелон, поранешниот заменик-помошник на министерот за одбрана задолжен за информирање во администрацијата на Бил Клинтон и Џорџ Буш.

Тој истакнал дека сите снимки покажале дека постојат понапредни летала од оние што ги има Америка.

„Многубројни снимки што ги снимиле воените пилоти сугерирале дека постојат летечки објекти далеку понапредни од сите летала со кои располага Америка или која било друга земја сојузник“, вели Мелон, кој сега е член на Академијата за уметност и наука „До ѕвездите“, која се занимава со истражување на таквите феномени.

Тој додал и дека можеби не се работи за вонземски цивилизации, но ако тоа не е во прашање, тогаш можеби станува збор за тоа дека некоја друга земја како Русија или Кина располага со напредна технологија за која воопшто ние не сме свесни.

Во двата случаја, необични и необјасниви, снимките сугерираат дека постои нешто за што секако би требало да се посвети внимание. Но, сите во Пентагон таквите снимки ги третираат како поврзани настани наместо да гледаат како на посебни случаи.

„Ако Кина или Русија или некоја друга земја располага со таква технологија, ние секако треба на тоа да одговориме некако поинаку отколку да молчиме“, вели Мелон.

Тој истакнува дека можеби најновите тврдења на Путин за напредокот во областа на млазниот погон не се премногу за фалење.

„А доколку леталата не се од Земјата, значи дека би требало повеќе време да посветиме на тоа да откриеме од каде се“, додава тој.

Мелон предупредува дека сите обиди некој сериозно да се занимава со тоа прашање се во опасност да бидат исмеани и прогласени за луди.

„Никој не сака да биде од оние типови што се занимаваат со вонземјани затоа што никој не сака да му се смеат. Тоа е многу сериозен проблем кој спречува каков било напредок на тоа поле“, смета Мелон.

Ваквата објава следувала по најновиот случај во кој пилотите забележале непознат летечки објект како брза над океанот. Во тоа видео пилотите се чудат со која брзина објектот се движи и предупредуваат дека воопшто не личело на авион.

 

 

 

 

Scroll to Top