Американците си присвоија голем дел од Месечината

Белата куќа објавила документ во кој се бара од другите земји да ги усогласат своите активности на површината на Земјиниот природен сателит Месечината.

Оваа обврска се однесува на сите акции на другите држави што би можеле да ги загрозат мисиите на САД во вселената или на кој било начин да влијаат на „американските објекти и опрема“ и на самото место на слетување на Американците на Месечината.

Од канцеларијата на претседателот на САД објавиле документ кој крена голем прав.

Објавен е под наслов „Заштита и чување на површината на Месечината и артефактите поврзани со вселенската програма Аполо“. Истиот веднаш привлече внимание и  ги вознемири сите страни кои учествуваат во освојување на вселената.

Зошто токму сега се појави оваа идеја на Американците?

Американците во документот се повикуваат на договорот за вселенски простор од 1967 година со кој се осигурува заштитата на „лунарните објекти од мисијата Аполо“.

Во документот се нагласува дека САД и понатаму имаат јурисдикција над опремата што останала на Месечината и укажува на опасноста дека другите земји при реализација на своите  лунарни програми можат да им наштетат на американските објекти на Месечината.

САД не кријат дека имаат право да ги коригираат програмите на лунарните мисии на другите земји доколку оценат дека би можело да му наштетат на она што во Вашингтон го сметаат за американско на Месечината.

САД не само што тврдат дека „објектите од мисиите Аполо“ се во нивно сопствеништво туку и дека истите имаат „големо научно-историско значење“, а дека користењето на површината на Месечината од страна на нивните астронаути им дава право да ги менуваат активностите на другите лунарни објекти испратени од другите земји.

Доналд Трамп неодамна донел директива која бара „освојување на планетите од Соларниот Систем“

Американците тврдат дека нивните астронаути биле на Месечината во 1972 година, а Трамп сака американска база на Месечината, која би ги олеснала патувањата и мисиите на Марс.

 

 

Scroll to Top