Асанж: ЦИА е одговорна за терористичкиот напад во Њујорк

By

Основачот на Викиликс, Жулијан Асанж, ја обвини ЦИА дека учествувала во обучувањето и вооружувањето на терористот кој е одговорен за смртта на неколку лица во терористичкиот напад кој се случи во Њујорк во вторникот вечерта.

dobivaj vesti na viber

„Доколку ЦИА поминеше повеќе време истражувајќи ги терористите, а помалку во спроведување на нивно обучување и вооружување на истите, не би се случил ваквиот масакр со камион во Њујорк“, објави Асанж на својот „Твитер“ набрзо по изведениот напад.

Основачот на Викиликс, Жулијан Асанж, ја посочи ЦИА како одговорна за смртта на осум лица и десетици повредени.

Терористичкиот напад е изведен од страна на 29-годишнот Сајфуло Саипов со потекло од Узбекистан, кој возел изнајмен камин на велосипедска патека во близина на споменикот на Светскиот трговски центар и удрил и усмртил десетици пешаци и велосипедисти.

Возилото не запрело сè додека не удрило во школски автобус, а потоа терористот го напуштил своето возило држејќи две имитации на оружје и извикувајќи „Алах Акбар“. Тој потоа бил ранет од страна на полициските службеници, пред да биде однесен во притвор.

Осомничениот наводно во пораката која била пронајдена во камионот навел дека нападот го сторил во име на Исламската држава.

 

 

 

Ќе ви се допадне