Баба Ванѓа ја предвидела смртта на принцезата Дајана

 750 милиони луѓе во 74 земји го следеле телевизискиот пренос од сензационалната церемонија, венчавката на деценијата меѓу принцезата Дајана Спенсер и принцот Чарлс. Во тој момент баба Ванѓа, која била оддалечена илјадници километри, имала страшна визија.

„Оваа венчавка ќе ја убие девојката“, изустила таа.

„По две недели Чарлс и Дајана изгледаа како да се скарани. За првпат откако работам за принцот не морав наутро да го будам“, посведочил собарот на Чарлс.

А потоа сè почнало да се руши како кула од карти.

Дајана секогаш и на секој чекор била под будното око на новинарите и фоторепортерите. Таблоидите со фотографија од принцезата на насловната страница секојдневно рушеле рекорди на продажба. Ваквите фотографии вределе богатство. По разводот од Чарлс поради неверство, исчезнале љубовта и почитта. Бајката се претворила во кошмар.

Принцот Чарлс набрзо по венчавката ја продолжил врската со поранешната љубов Камила Паркер, со која  се оженил по смртта на Дајана. Чарлс и Дајана од 1992 година живееле одвоено, а се развеле во 1996 година. По разводот на векот, Британиците симпатиите најмногу ги насочиле кон саканата принцеза.

„Ги минувам најужасните денови во мојот живот. Сè можеше да ми се случи. На пример да ми се расипат сопирачките, да ми се случи некаква несреќа или смрт“, напишала Дајана.

По нејзината смрт, се појавија низа теории на заговор.

„Дајана ја убиле за кралското семејство да биде поштедено од срамот што несомнено би следел по венчавката за муслиман“, е една од нив.

Ванѓа и покрај тоа што не можела да ја погоди временската рамка на одигрување на настанот, сепак претчувствувала дека две значајни жени ќе го напуштат светот истовремено, таа и  Дајана.

„Таа ќе слушне за мојата смрт, но ќе умреме заедно“, заклучила Ванѓа, која починала година дена пред принцезата.

 

 

 

Scroll to Top