Банкар од Њу Џерси тужел компанија која му продала пудра од која заболел од канцер

Судија од Њу Џерси пресудил во корист на банкар кој заболел од агресивен и смртоносен рак на белите дробови поради користење пудра.

Судот пресудил компанијата што му го продала препаратот да му даде 30 милиони долари отштета на банкарот.

Ланзо изјавил дека пудрата ја користел со децении. Неговата сопруга Кендра добила 7 милиони долари отштета, па вкупниот износ за двајцата изнесувал 37 милиони долари.

Банкарот изјавил дека го користел производот Johnson &Johnson, како и Showe to Shower и Baby Powder повеќе од три децении и тврдел дека вдишувањето пудра довело до нарушување на неговото здравје.

Пудрата од спорниот производ е направена од еден од најмеките минерали кои се наоѓаат на Земјата и содржи азбест, материја која може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај луѓето. Истражувањата покажале дека постои ризик од контаминација при ископување на овој минерал.

Случајот со Ланзо е прв во Њу Џерси, каде што се наоѓа и компанијата Johnson & Johnson. Таа му исплатила 70% оштета на Ланзо, додека компанијата Imerys Talc, која го испорачувала производот со овој минерал, му исплатила дополнителни 30%.

Од компаниите изјавиле дека нивните производи се подложни на строги испитувања и дека се без контаминација. Сепак, компаниите кои произведуваат пудри се соочуваат со илјадници слични одвоени тужби, но и поврзани тужби кои се засноваат на тоа дека постои врска меѓу пудрите и ракот на јајчници.

Во 2016 година суд во Мисури  ѝ наложил на компанијата Johnosn & Johnson да му исплати 72 милиони долари отштета на семејството на Џеки Фокс, која починала од рак на јајчници на 62-годишна возраст. Таа и речиси 12000 пациенти со рак на јајчници ја тужеле компанијата тврдејќи дека пудрата и женските хигиенски производи доведуваат до рак на јајчници.

Малкумина знаат дека пудрата нанесена на телото може да придонесе повеќе штета и зло отколку добро.

За многу мајки, пудрата е знак на љубов. Тие уживаат во нејзиниот сладок мирис на мека и чувствителна кожа и веруваат дека нивното дете се чувствува посвежо и дека на тој начин нема да добијат осип од пелените.

Пудрата е опасна при вдишување или голтање, а може да предизвика и проблеми со дишењето. Поради тоа американската академија на педијатри ги повикува сите родители внимателно да ја применуваат на своите бебиња.

Алтернативните производи кои можат да се користат место пудра се сода бикарбона, пченкарен скроб и овесна каша.

Scroll to Top