Банкарската династија Ротшилд под истрага

Минатата година баронот Давид де Ротшилд и неговата компанија Rothschild Financial Services Group се обвинети од страна на француски обвинители дека наводно ги оштетиле британските пензионери со проневера на огромни суми.

Само пред два месеца, медиумите пишувале за швајцарската банкарска група на Edmond de Rothchild Grupa, која била цел на истражување на француските финансиски инспекции, а главен акцент било ставен на деловниот однос на управување со еден негов поранешен вработен.

Сега банкарското царство на Ротшилд е под истрага од страна на државни адвокати во Луксембург наводно поради направени трансакции на стотина милиони долари на сметка во банка во Луксембург, пари што потекнуваат од владиниот фонд Malaysia Development Berhad (1MDB).

Фондот 1MBD го основал премиерот на Малезија Најиб Разак, во 2009 година како инвестициски фонд на владата. Кај премиерот Разак биле откриени 1 милијарда долари во депозити на неговата лична банкарска сметка.

Истражителите од Луксембург ги следеле направените меѓународните трансакции на пари со потекло од инвестицискиот фонд на владата во Малезија, која била во центарот на разни светски корупциски скандали.

Банкарската подружница во Луксембург, која е во сопственост на „Едмонд де Ротшилд групата“, е приватна банка која управува со парите на богати клиенти. Од таму изјавиле дека соработувале во службената истрага на трансакциите од инвестицискиот фонд на владата на Малезија.

Истрагата во Луксембург сега се проширила во Швајцарија, Малезија, Сингапур, Хонг Конг и во Абу Даби. Швајцарските власти изјавиле во јануари дека владиниот малезиски фонд 1MDB проневерил и до 4 милијарди долари.

Обвинителот во Луксембург изјавил дека случајот бил поврзан со уште една истрага во Швајцарија.

Фондот на 1MDB е создаден за вложување во локалните енергетски и недвижни проекти и за поттикнување на малезиската економија.

„Edmond de Rothschild Europe активно соработува со судската постапка“, изјавила портпаролката на Edmond de Rothschild Group за WSJ.

Edmond de Rothchild Grupа работи со околу 146 милијарди долари, според „Блумберг“. Приватната банка и компанијата за управување на имотот е основана од страна на Едмонд де Ротшилд во Париз во 1953 година. Синот на Едмонд, Бенџамин де Ротшилд, ја наследил од својот татко во 1997 година. Минатата година Бенџамин ја именувал својата сопруга Аријана за претседател на извршниот одбор. Швајцарската подружница влече корени од аквизицијата Banque privée во Женева во 1965 година.

Семејството на Ротшилд, како што е познато, е потомок на Мајер Амшел Ротшилд, кој е роден во градот Франкфурт. Синот на еврејскиот менувач на пари и трговец Амшел Мосес Ротшилд, Мајер Амшел Ротшилд, бил четврти од 8-те деца и воспоставил големо меѓународно банкарско царство.

Преку своите 5 сина Мајер го проширил своето банкарско царство, кое го основал во 1760 година и го проширил на меѓународни подрачја и на тој начин успеал да постигне големо богатство за разлика од голем број други богати членови на еврејските заедници во тоа време.

Мајер своите 5 сина ги стационирал во еден од главните европски финансиски центри, по еден во Франкфурт, Лондон, Неапол, Виена и во Париз.

Во 19 век семејството Ротшилд било на врвот на својата моќ, а биле познати во светот по своите финансии.

Банкарската династија е обвинета за повлекување политички конци кај повеќето влади поради нивната контрола на разни економски системи во целиот свет. Историски гледано, постојат сериозни докази кои покажуваат дека семејството работи со перење пари од приватни и јавни фондови.

Иако семејството Ротшилд сега држи низок јавен профил, тоа сè уште има значителни деловни операции во цела низа сектори.

Се проценува дека семејството Ротшилд контролида 1 билион долари во имот во светот, а го следи силен глас и влијание во геополитичкиот спектар.

 

Scroll to Top