Брисел подготвен да протера половина милион мигранти

Федерика Могерини тврди дека мигрантскиот систем на квота не доживеал фијаско.

Европската Унија ќе истера половина милион странци од својата територија.

„Мора да бидеме јасни и брутално искрени. Луѓето што немаат право да бидат во Европа мора да бидат вратени таму од каде што дошле“, изјави европскиот комесар за миграција, Димитрис Аврамопоулос.

Тој го најави и најновиот план на Брисел за борба против најголемата бегалска криза во Европа по Втората светска војна.

Европската програма на примање мигранти по квоти не доживеа неуспех, оцени високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Но, унгарскиот премиер Виктор Орбан е порезервиран:

„Унгарија нема да биде имигрантска земја“.

Од 2014 година до денеска повеќе од 1,7 милион бегалци стигнаа во Европа преку балканската и средномедитеранска рута од воените зони во сиромашните земји како што се Сирија, Авганистан, Сомалија, Еритреја, Пакистан, Нигерија и други, иако војната трае само во Сирија.

До Нова година 1,1 милион баратели на азил во Европа не добиле конечен одговор за тоа дали може таму да останат, се наведува во студијата направена од американскиот истражувачки центар „Пев“.

 

 

Scroll to Top