Дијана чувствувала дека нешто го мачи принцот Ендру, кој бил склон кон секс со малолетнички

By

Минатата година кралското семејство беше погодено од еден од најголемите скандали во нивната историја кога се дозна дека синот на британската кралица Елизабета Втора, 60-годишниот принц Ендру, наводно плаќал за да има секс со малолетни девојки.

Принцеза Дијана пред 30 години почувствувала дека нешто не е во ред со Ендру, пишува британски „Мирор“. Некои теоретичари сметаат дека штетата би можела целосно да биде спречена ако сите во семејството сериозно ја сфатиле поранешната принцеза.

„Беше многу гласен и секаде каде и да се појави, правеше врева. Почувствував дека со него нешто не е во ред. Луѓето не знаат многу за него. Го прогласуваа за идиот, но во него имаше нешто повеќе од тоа, само што досега не испливало во јавност“, изјавила тогаш Дијана.

На снимките од нејзиниот разговор со биографот Ендру Мортон во 1990 година Дијана открила дека нешто го мачи принцот Ендру.

Дијана во разговорот нагласила дека ниту кралското семејство не го сакало премногу Ендру и дека не го почитувале како другите членови. Сепак, таа изјавила дека бракот со неговата поранешна сопруга Сара Фергусон, додека не се развеле, бил идеален.

Ендру и Фергусон во шестте години брак ги добија ќерките, принцезите Евгенија и Битрис. Дијана вели дека сите во палатата ги сакале и ги почитувале како семејство.

„Сè  до моментот додека не се разделија, не можев да забележам дека со нив нешто не е како што треба. Се изненадив кога дознав дека ќе се разведат“, изјавила поранешната сопруга на принцот Чарлс.

За потсетување, за пријателството меѓу принцот Ендру и Џефри Епштајн јавноста дозна дури во 2011 година. Три години подоцна Ендру беше јавно прозван дека имал сексуални односи со Вирџинија Робертс кога таа била малолетна. Сепак, никакви обвинувања не беа поднесени против него.

Ендру беше поврзан со случајот на осудениот и поранешен милијардер и педофил Џефри Епштајн, кој изврши самоубиство во својата ќелија во Њујорк додека го чекаше судењето. Многумина сметаат дека Епштајн бил убиен за да се спаси угледот на кралското семејство.

Кралското семејство преку официјално соопштение отфрли каква било вмешаност на Ендру во деловните работи на Џефри Епштајн. Сепак, за скандалот продолжи да се зборува и понатаму откако уште неколку девојки јавно излегоа и го обвинија Ендру дека имал секс со нив додека тие биле малолетни.

Ќе ви се допадне

https://animebee.to gogoanime

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD

Website https://animepahe.cc: Watch Super Milk-Chan (Dub) animepahe Episode 14 watch anime dub

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Basenotes: https://www.basenotes.net/members/26339262-animeflixnl

Giantbomb: https://www.giantbomb.com/profile/gogoanimelol/about-me/