Џорџ Сорос призна: Доналд Трамп полека победува

Џорџ Сорос бил присилен да ги напушти своите планови за рушење на американската економија по доаѓањето на власт на претседателот Трамп и неговиот неочекуван успех.

Глобалистичкиот милјардер првично се кладел на неговиот неуспех на изборите, а потоа на пад на американската бурза и на банкрот на џиновските корпорации во Америка.

Американската Комисија за вредносни документи (SEC) покажа дека инвестицискиот фонд на Џорџ Сорос го продал својот удел во компаниите Apple и Snap во последното тримесечје, смалувајќи го својот удел и во други технолошки гиганти како Фејсбук и Твитер.

Според извештаите неговиот фонд ги продал 1700 акции на Apple и 1,55 милиони акции на компанијата Снап. Тој исто така го намалил својот удел во Твитер за 5700 акции, додека сеуште држи 18.400 акции на овој социјален медиум.

Инвеститорот со тоа се решил од 367.262 акции на Фејсбук, и сега има 109.451 акции од овој социјален медиум.

Во исто време, Соросовиот хеџ фонд го зголеми својот удел во Микрософт за 99.000 акции и компанијата Амазон 2500 акции.

Акциите на компанијата Снап паднале поради веста, за тоа дека уште еден клучен акционер го продал својот дел од компанијата.

Акциите на оваа компанија паднале преку 48 проценти откако се понудени на јавноста во март. Apple чии акции стигнаа рекордно високо ниво минатата недела, почнаа да паѓаат за три проценти минатата недела.

Положбата на Сорос е во спротивност со онаа на другиот милијардер и инвеститор Варен Буфет, кој ја држи компанијата Беркшир Хатвај и кој речиси четрикратно го зголеми својот удел во компанијата Апел претходно оваа година.

Според извештаите на СЕЦ во третото тромесечје, неговата компанија исто така ги сруши рекордите на акции на компанијата Аpple, зголемувајќи го својот удел во производството на iPhone, со од 3,9 милиони на 134.1 милиони акции.

 

Scroll to Top