До 2050 година планетава ќе стане огнена топка

Според најновите истражувања што ги објавил британски „Гардијан“, планетата Земја до 2050 година ќе стане како огнена топка. 77% од градовите ќе минат низ драматични и потенцијални катастрофални промени.

Во секој дел од светот ќе расте можноста за метеоролошки појави, кои досега не биле забележани.

Истражувачите од институтот „Краутер Лаб“ заклучиле дека до 2050 година градовите кои се наоѓаат на северната хемисфера и кои во моментов имаат умерена и студена клима во иднина ќе наликуваат на градовите кои се наоѓаат на 1000 километри од екваторот.

Посебно погодени ќе бидат европските градови, а според предвидувањата на научникот, градот Лондон до 2050 година ќе ја има сегашната температура на градот Барселона, а Москва ќе биде како Софија, додека Стокхлом како Виена.

За жал, според интерактивната мапа, климатските промени нема да го заобиколат ни Балканот. Температурата во градовите на Балканот ќе порасне за 7,9 степени. Во Нови Сад температурата ќе наликува на онаа во Далас, а во Белград на онаа во Сан Антонио.

Најголемата дневна температура во најтоплиот месец ќе се подигне за 7,9 степени Целзиусови, а на годишно ниво ќе се зголеми за 3,5 степени Целзиусови.

Ваквата клима ќе предизвика голбално исчезнување на залихите на плитка вода, а европските летни температури, кои веќе се алармантни, ќе пораснат за 3,5 степени.

Истражувачите предупредуваат дека петина од големите градови, вклучувајќи ги и Џакарта, Сингапур и Каула Лумпур, ќе имаат такви климатски услови, какви што денес нема во ниту еден град во светот.

„Тоа значи дека нè чекаат нови политички и инфраструктурни предизвици со кои досега никогаш не сме се соочиле“, вели Том Краутер, основач на споменатата лабораторија.

Поедини климатолози сметаат дека ова не е предвидување, туку само илустрација, додека други велат дека ваквата ситуација треба да се сфати сериозно.

Scroll to Top