„Фејсбук“ ќе почне да ни ги чита мислите

Компанијата „Фејсбук“ го најави во април мошне амбициозниот план, во иднина ќе може да ги чита мислите на корисниците на својата социјална мрежа.

Технолошкиот гигант во моментов работи на развој на хардвер кој ќе им овозможи на корисниците да исраќаат зборови од својот мозок во компјутерот само со помош на своите мисли.

„Звучи невозможно, но реалноста е поблиску отколку што мислите. Овој систем би можел да биде достапен за сите за неколку години“, изјави Реџина Дуган, шеф на тимот на „Фејсбук Булдинг 8“, кој работи на оваа технологија.

Дуган додаде дека технологијата на читање мисли ќе им овозможи на корисниците трипати побрз транспорт на мислите отколку чукањето на тастатурата на смартфонот.

Говорејќи на Медиа лаб конференцијата на Технолошкиот институт во Масачусетс во понеделникот директорот на проектот и неуролог Марк Шевије изнесе неколку интересни детали во врска со функционирањето на новиот систем.

Неговиот тим ќе ги користи неиванзивните сензори за детектирање на мозочните сигнали, поврзани со мислите и зборовите кои личноста ќе ги изговори. Напредниот компјутерски алгоритам потоа ќе утврди кои зборови корисникот ќе сака да ги изговори. Завршниот збор ќе го има вештачката интелегенција, која ќе утврди на кој збор корисникот мислел.

Scroll to Top