Фејсбук шпионирал 50 милиони луѓе за да ги наместат изборите

Личните податоци на 50 милиони луѓе се собрани од страна на Фејсбук и злоупотребени без никакво одобрение.

Фејсбук објавувил дека независен тим на дигитални форензичари ќе спровеле целосна истрага и ќе се обиделе да утврдат дали компанијата „Кембриџ аналитика“ и понатаму располагала со спорните податоци, кои ги набавувала од компанијата „Глобал сајенс рисрч“ (GRS).

Пожарот почнал да се шири за време на викендот, кога директорот на компаијата „Кембриџ аналитик“, Кристофер Вајли излегол во јавноста и открил скандалозни детали, а потоа и тајни снимки. Сега бесот на јавноста ширум светот е насочен кон Марк Цукенберг. Но, сопственикот на Фејсбук и понатаму молчи.

Како што покажало медиумското истражување, компанијата „Кембриџ аналитика“ (инаку во сопствеништво на хеџ фондот на Роберт Мерсер), од 2014 година неовластено собирала приватни податоци од корисниците на „Фејсбук“ кои ги користела за да потоа, до потенцијалните гласачи им достави одредени политички реклами и пораки. Тоа го потврдил и Кристофер Вајли, „узбунувач“ кој работел во компанијата.

„Ги разгледавме фејсбук профилите на милион луѓе и изградивме модел како да ги разбудиме нивните внатрешни демони на основа на она што знаеме за нив. Практично поради тоа е основана целата компанија“ вели тој.

Компанијата ги категоризирала луѓето во зависност од нивниот интерес.

  • милитаризам (пиштоли, пукање, боречки вештини, стрели и ножеви)
  • насилен окултизам (дрога, црна магија, паганизам)
  • интелектуални активности (пеење и правење музика, патувања во странство, околината)
  • оние кои слепо веруваат (паранормално, летечки чинии)
  • здрави интереси (кампувања, пешачење, градинарство)

Британски „Гардијан“ наведе дека компанијата поврзана со Стив Бенон, поранешен стратег на Трамп, учествувала и во кампањата за Брегзит.

Но, истрагата која ја спровел британски „Канал 4“, покажала дека „Кембриџ аналитика“, работела и пострашни работи. За да влијаат на изборите ширум светот, се служеле со методи како што е шпиунирањето, уцените, митото, лажни искази, испраќање на проститутки на клиентите, нешто што воглавно се снимало, а потоа било пласирано (или се упатувале закани дека ќе биде објавено) на социјалните мрежи.

Доказ за ваквите незаконски активности се снимките направени со камера.

Репортер тајно ги снимал разговорите со шефовите од компанијата „Кембриџ аналитика“. Челниците на фирмата во снимката отворено говореле како политичарите ширум светот ги притиснувале за ѕид, а потоа ги уценувале.

Снимките настанале во еден лондонски хотел од ноември 2017 година, до јануари 2018 година, а новинарот на тајна задача дознал дека претставник на богат клиент, сакал на изборите во Шри Ланка да помине неговиот кандидат.

На една од снимките може да се слушне како директорот на „Кембриџ аналитика“, Александар Никс признал дека компанијата работела во сенка, дека се служел со мрежата на други компании, како и дека во тек е една операција за која биле ангажирани девојки кои требале да отидат во домот на кандидатот. Додал дека се Украинки и дека се убави, па целата работа функционирала одлично.

На другата снимка можело да се слушне како Никс објаснува на другиот кандидат, дека и се поннудени огромни пари за финансирање на кампањата, а потоа целиот разговор кој го снимил го објавиле на интернет, заматувајќи го лицето на таа личност.

На неколку снимки се гледа Марк Турнбул, извршниот директор на компанијата „CA Political Global“ и Алекс Тајлер кој бил задолжен за база податоците. Турнбул му објаснил на потенцијалниот клиент како функционира системот, откако набавил компромитирачки податоци за противкандидатот, неговата фирма, и тие информации директно ги пласирал на социјалните мрежи и интернет.

„Ние само уфрливме информации во крвниот протек на интернетот, и потоа гледаме како растат, повремено на некои места ги потурнуваме работите, како со далечинско. Мораше да се направи така, да никој не помисли дека станува збор за пропаганда, затоа што веднаш некој ќе се запрашал кој ја пуштил во јавноста“, изјавил Турнбул.

Претставувајќи ги резултатите од својата работа, директорите на компанијата „Кембриџ аналитика“, ја нагласиле победата на Ухуру Кенијата, на претседателските избори во Кенија, а на компанијата и се припишала и победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година.

Се разбира, од компанијата ги негирале ваквите информации, наведувајќи дека за време на соработката со клиентите воделе сметка да не дојде до некакви нелегални работи.

„Избришете го Фејсбук“

Бесот на јавноста сега е насочен кон Фејсбук. Како е воопшто можно да личните податоци на корисниците се дадат на „изволте“, на кој било? Корисниците се толку бесни што низ интернетот се шири кампања „Избришете го Фејсбук“ (#deletefacebook). Главната порака на камапањта е дека Фејсбук во најдобар случај е нешто на кое залудно го трошите своето време, а во најлош, нешто што може да ви нанесе штета и да ја наруши вашата приватност.

Светските медиуми дури и објавиле упатства за тоа како да го избришете Фејсбук, а постојат повици и до корисниците да се одречат од другите сервиси кои функционираат под капата на „големиот Фејсбук“, „Инстаграм и „WhatsApp“. Процесот на бришење на налозите од Фејсбук е прилично едноставен, но постојат и приказни за тоа дека никогаш не можете целосно да ги остраните сите податоци кои Фејсбук ги има веќе процесуирано, затоа што постои таканаречен „налог во сенка“, во кој се собираат вашите навики, односи со други луѓе и слично.

За цело ова време, Марк Цукенберг се крие и понатаму од јавноста. Човекот кој досега работеше и често се огласуваше на различни теми, од миграција до образование, остана нем за најголемиот скандал кој се случил во неговата компанија.

Поради тоа, односно поради начинот на кој раководството на компанијата се однесува кон овој скандал, шефот на безбедноста на информации во Фејсбук, Алекс Стамос, одлучил да си поднесе оставка.

Инкау, Стамос веќе бил во конфликт со врвот на компанијата, затоа што се залагал да се покрене интерна истрага за активностите на Русија на социјалните мрежи во врска со претседателската кампања, нешто на кое што раководството се противело.

Додека раководството е во хаос, акциите на Фејсбук на берзата паѓаат. Во понеделникот, акциите паднале за седум проценти. Според пишувањето на американските медиуми, поради падот на вредноста на акциите на Фејсбук, вчера дури и Волстрит завршил во минус.

Доколку овој скандал доведе до поостри мерки, за заштита на приватноста или да ги одврати луѓето од шерувања и користења на социјалните мрежи, тоа би можело да влијае на делувањето на Фејсбук.

Scroll to Top