Финска ќе биде првата земја која би можела да ја признае Каталонија и да повлече лавина во ЕУ

Финска би можела да стане првата земја која службено ќе ја признае Каталонија како република, пишува лондонски „Дејли експрес“.

Со ваквиот потег оваа скандинавска земја би можела да влезе во директен судир со Европската Унија.

Пратеникот од Лапонија, Мико Карна, најави дека финскиот парламент ќе поднесе предлог да ја признае новонастанатата држава, пренесува весникот.

Карна, кој е од редовите на владејачката партија, која ја предводи премиерот Јуха Сипил, ѝ честиташе на Каталонија откако регионалниот парламент во петокот изгласа отцепување од Шпанија.

Доколку Финска службено ја признае Каталонија како нова држава, тоа би било само уште еден удар за ЕУ, кој силно даде поддршка за единствена Шпанија.

„Ако Финска ја признае Каталонија, на тој начин би ја понижила Европската комисија, а пратеникот од контроверзната Бидерберг група, Жан Клод Јункер, предупреди дека ќе се појават дупки во рамки на ЕУ, поради потресот во Каталонија, кој може да доведе до расцеп на Унијата.

Шкотската влада исто така упати порака за поддршка наведувајќи дека Каталонија мора да има право да ја одреди сопствената иднина.

Шкотската влада соопшти дека го почитува и разбира ставот на каталонската влада, а  централната влада во Шпанија ја критизираше поради одбивањето на дијалог.

„Дејли експрес“ пишува дека Аргентина би можела формално да ја признае Република Каталонија.

Левичарскиот пратеник, аргентинскиот социјалист Хуан Карлос Гиордано, кој ја застапува провинцијата Буенос Аирес, изјави дека во парламентот ќе поднесе предлог за јужноамериканската земја ја признае Каталонија.

 

 

 

Scroll to Top