(Фото) Близок пријател на Трамп ги објавил фотографиите со голата Меланија

Новинарката Кејт Бенет открива во книгата  за првата дама на САД „Free, Melania: The Unauthorized Biography“ дека близок соработник и советник на Доналд Трамп, Роџер Стоун, е одговорен за објавувањето на фотографиите на кои таа е гола, а се од времето кога таа работела како модел.

Taa во книгата пишува дека Меланија не верува во тврдењата дека Доналд Трамп е поврзан со објавувањето на фотографиите. Бенет во книгата открива и дека претседателот и Меланија спијат во различни соби во Белата куќа.

Стоун за „Гардијан“ ги негирал тврдењата на Бенет. Фотографиите настанале во 1996 година, а се објавени следната година во француски магазин.  „Њујорк пост“  стигнал до нив во јули 2016 година.

Американскиот весник ги добил фотографиите неколку месеци по изборите, период во кој Доналд Трамп е во конфликт со семејството на американскиот војник Хамајун Кан, кој загинал во Ирак во 2004 година. Бенет објаснува дека целта со објавените фотографии на Меланија е да се стврти вниманието на јавноста.

Стоун тогаш немал формална улога во кампањата на Трамп, која ја напуштил во август 2015 година, но останал близок со претседателот, но, според пипувањата , тој знаел како да манипулира и да го искористи туѓиот приватен живот за да стекне публицитет.

„Теоретски, Трамп се обидуваше да ја спречи лошата недела во кампањата“, пишува Бенет.

Стоун на средината на ноември е прогласен за виновен поради пречење во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер во случајот со руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година и во моментов го чека изрекувањето на пресудата.

Трамп е во трка за втор мандат, кој се одвива под сенка на истрагата околу импичментот поврзан со неговото спроведување на надворешната политика. Исто така, му се заканува и кривично гонење кога ќе ја напушти канцеларијата, поради низата потенцијални прекршоци, меѓу кои и исплатата на порноѕвезда која тврди дека имала секс со него додека бил во брак со Меланија.

Трамп ја негирал оваа афера, но исплатите се потврдени, а тој наводно директно бил поврзан со нив.

„Идејата дека Трамп вмешал прсти во објавата на  фотографии од својата жена на кои таа е гола само за да го оттргне вниманието на јавноста е одвратна, а фотографиите се со лош квалитет, па новинарите многу малку време дискутирале за нив. Меланија досега не се изјаснила што мисли за тоа и како истите тие завршиле во рацете на таблоидите. Нејзините пријатели велат дека таа и понатаму одбива да поверува дека Трамп би направил такво нешто, но што се однесува до Стоун, не е толку сигурна“, пишува Бенет.

Од Белата куќа ги негираат пишувањата на Кејт Бенет. Прес-секретарот Стефани Гришам  вели за „Гардијан“ дека е разочарувачки кога луѓето пишуваат книги со лажни информации за да профитираат на сметка на Меланија.

„Госпоѓа Трамп е изненадена од известувањето на Кејт Бенет. Нашата канцеларија работеше со Кејт во знак на добра вера дека книгата за Меланија ќе ја изработи како што треба. За жал, во истата се наведени лажни детали и мислења, што покажува дека Бенет разговарала со анонимни луѓе кои не ја познаваат првата дама“, вели Гришам.

Во јавноста на големо се шпекулира дека Трамп ќе го помилува Стоун. Неговата жена Надија исто така објавила соопштение до јавноста, наведувајќи сомненија за изнесените детали во книгата на Бенет, нарекувајќи ги лажни и целосно нелогични.

„Мојот сопруг и јас ја познаваме Меланија откако таа почна да се забавува со претседателот. Ја обожаваме и мислиме дека феноменално ја извршува работата како прва дама. Овие смешни тврдења се очигледен обид да се направи јаз меѓу  претседателот и мојот сопруг, кој лојално го поддржува претседателот во последните 30 години. Никој не го поддржа изборот за претседател на Доналд Трамп повеќе од Роџер Стоун и секое тврдење дека од него би излегле некакви информации за претседателското семејство немаат никаква смисла. Кејт Бенет работи за Си-ен-ен и  не може да се верува во она што го известува“, навела Надија.

Трамп во 2016 година за „Њујорк пост“ изјавил дека фотографиите од голата Меланија настанале уште пред да се запознаат, во време кога неговата сопруга била една од најуспешните светски модели. Меланија тогаш се фотографирала за насловните страници на големи познати светски таблоиди.

„Во Европа таквите фотографии се многу модерни и вообичаени“, изјавил Трамп.

Меланија има и други фотографии на кои е  гола, објавени во магазинот GQ во 2000 година. Трамп лично побарал тие фотографии да му се донесат во канцеларијата, напишал магазинот во 2016 година. Бенет пишува дека Меланија по ваквиот скандал се чувствувала понижено, поразено, посрамотено и дека била уплашена за својот помлад син.

Новинарката исто така навела дека првата дама е топла и љубезна личност кон персоналот во Белата куќа и додала дека луѓето кои минале време со нејзиниот син Барон велат дека детето зборува со благ словенски акцент.

Scroll to Top