Француската колонизација е злосторство против човештвото

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во вторникот дека злосторствата на европската колонизација се неоспорни во говорот што го имаше на еден универзитет повикувајќи се на новиот однос што треба да го имаат со Африка.

„Имаше грешки и злосторства, како и среќни приказни, но злосторствата на европската колонизација се неспорни“, изјави претседателот Макрон.

„Колонизацијата е злосторство. Тоа е злосторство против човештвото. Тоа е навистина варварско дело и тоа е дел од минатото со кое треба да се соочиме и да им се извиниме на оние против кои сме ги создале тие дела“, изјави Макрон.

„Заедно ќе го обновиме не само француско-африканскиот дијалог туку и проектот на нашите два континента, новиот однос што ќе го воспоставиме на најдобро ниво меѓу Африка и Европа“, изјави Макрон.

„Африка не е ниту изгубена ниту спасена, тоа е средиштен континент, овде се судираат сите денешни предизвици“, оцени тој.

„Време е да го запреме верскиот екстремизам“, истакна тој барајќи од Катар, Турција и од Иран да заземат силен став во врска со таа борба.

Најави дека ќе ја изнесе евро-африканската иницијатива за борба со криминалните организации кои ги искористуваат мигрантите од земјите јужно од Сахара, од кои некои се претворени во робови.

Макрон вети дека Франција ќе ѝ  биде привилегиран партнер на Африка во борбата со климатските промени истакнувајќи дека енергијата за нив треба да биде достапна, но и чиста“.

Scroll to Top