Генерал на армијата на Белорусија стравува дека НАТО би можел да ја нападне неговата земја

Началникот на главната управа на Генералштабот на Вооружените сили на Република Белорусија, Руслан Косигин, изјави дека државите на НАТО постојано правеле извидувачки летечки активности во близина на државната граница на нивната земја, пренесуваат српските медиуми.

Тој стравува дека најмоќната воена алијанса би можела да употреби сила против нив.

„Се зголемуваат можностите за извидување, вклучително и против нашата дражва. Во овој момент во завршна фаза е понатамошното усовршување и развојот на системот на НАТО, AGS, кој функционира во рамките на реализацијата на извидувачките задачи, задачи со стратешко ниво. Зачувано е високо ниво на разузнавачка активност и летови на борбени авијации во близина на државната граница со Белорусија“, изјавил Косигин.

Според зборовите на началникот на управата на Генералштабот, потврда за тоа е зголемениот интезитет на летови на авијацијата на борбени беспилотни летала, вклучувајќи го стратешкото ниво, како што е „Глобал хок“.

„Просечниот интезитет на летови на авијација во овој момент е околу 25 авиони неделно, што овозможува постојано извидување на нашата земја“, додал Косигин.

Генералот додал дека Белорусија е загрижена и поради зголемениот расход за одбрана на соседните држави за 30 до 40 %. Тој прашува зошто и против кого сето ова е насочено.

Косигин нагласил дека Минск не може да најде разумен одговор на ова прашање.

„Сето ова покажува дека споменатата активност на Западот на територијата на источноевропските земји, вклучително и на Полска и балтичките држави, има цел да се подготви за употреба на сила. Според нашата процена, во блиска иднина ќе продолжи тенденцијата за зголемување на странското воено присуство на територијата на соседните земји“, предупредил генералот.

Тој укажува дека во случај на ескалација на военополитичките и стратешки ситуации раководството на САД и НАТО во краток рок би можеле да формираат ударни единици во источна Европа и да се подготоват за борбени акции.

„Земајќи ги предвид изјавите на одредени политичари за историската припадност на западните региони во нашата држава кон Полска, веќе распоредените трупи на НАТО, кои денес се наоѓаат, меѓу другото, и во Полска и Литванија, би можеле во овој момент да бидат употребени“, изјавил Косигин.

Тој забележал дека крстосувачките ракети од американските бази во Полска и Романија може со голема прецизност да погодат објекти, кои, меѓу другото, се наоѓаат и на територијата на Белорусија.

Scroll to Top