Германски печат: Ким Јон Ун не е лудак, тој знае како минаа Хусен и Гадафи

Ракетниот тест на Северна Кореја не е доказ дека Ким Јонг ун бил лудак. Напротив. Испалувањето на ракетата во неговото изолирано сваќање, е примерна и неизбежна реакција на актуелните воени маневри на САД, пишува весникот „Mannheimer morgen“.

Германските коментатори, кои се занимаваат со прашањето, дали САД превентивно ќе удри на Северна Кореја и  кои предупредуваат на нуклеарна катастрофа која и се заканува на цел свет, дојдоа до заклучок дека Западот мора да сфати: Пјонгјанг знае како мина либискиот лидер Моамер ел Гадафи и ирачкиот лидер Садам Хусеин, пренесува Дојче Веле.

Тие потсетуваат на тоа дека Советот за безбедност на Обединетите Нации го осудија потегот на Северна Кореја која ја тестирала ракетата со долг домет преку јапонската територија.

„Трамп и неговите советници морале да примат на знаење дека досегашната тактика кон комунистичкиот режим во Северна Кореја секогаш бил осуден на пропаст“, пишува „Шпигел онлајн“.

Германскот магазин наведува дека засега американскиот претседател се задоволува со закани, ветувајќи му на севернокреојскиот лидер Ким Јон Ун, „оган и бес“. Пред само неколку недели тој изјави дека има чувство дека Пјонгјанг почнал да ја почитува Америка.

А потоа следеше новиот тест.

„Ким Јонг Ун додуша свесно не изведе директен напад против САД или некој од сојузнивите, но ракетниот тест преку Јапонија покажа колку го плашат заканите на Трамп. Односно колку не го плашат“, наведува Шпигел.

Неделникот тврди дека „Трамп и неговите советници одлично знаат дека се во пат позиција“.

„Зад затворени врати во Белата куќа, веќе со недели се подготвува сценарио за превентивна војна против Северна Кореја. Но, заклучокот секогаш е ист. Воен удар на САД против Северна Кореја како последица би имал војна меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја. Последиците би биле разорни, особено за милионската метропола Сеул. која лежи речиси на границата со Северна Кореја“, пренесува порталот.

Порталот „Badisches-Tagblatt iz Baden-Baden“ пишува дека тешко е да се предвиди како сето ова ќе заврши.

„САД воено ќе реагира најдоцна ако севернокорејскиот диктатор ги испали своите омилени играчки кај Гуама“, смета весникот.

Дојче Веле ја пренесува оцецнката на „Saechsiche Zeitung“, кој смета дека решавањето на конфликтот со воена сила не смее да биде опција“.

„Исходот би можел да биде атомска катастрофа со стотина илјади мртви и пустош на Корејскиот полуостров. Постои само еден начин да тоа се спречи, да се зборува и преговара, колку и да е тоа тешко“, смета коментаторот на дневникот.

Весникот „Mannheimer morgen“, поинаку ги гледа работите.

„Ни најновиот ракетен тест на Северна Кореја, не е доказ дека диктаторот Ким Јон ун е лудак. Напротив. Испалувањето на ракетите во неговото изолирано сваќање, е примерна и неизбежна реакција на актуелните воени маневри на САД со јужнокорејките и австралиски сојузници. Па сепак, тоа случува само на површината. Во длабочината веќе со месеци трае тивка дипломатија, разговори на тајни места за кои никој во јавноста не знае ништо“, пишува во текстот на весникот.

Се наведува дека треба да се ослободи уште една илузија, нема тивки преговори кои ќе го натераат Ким да ја прекине ракетната програма.

„Тоа не може да го направат ниту САД, особено не тие. Затоа што за Ким, страшниот пример се нарекува, Моамер ел Гадафи. Гадафи со атомско оружје не нападнал никој. Тоа значи дека нуклеарните боеви глави за Ким се животно осигурување. Тоа западот, сакал, не сакал, мора да го прифати како реалност“, заклучува весникот „Мannheim“.

 

Scroll to Top