Голем кратер откриен на површината на Марс

Огромна дупка е откриена на површината на Марс, а бројни теоретичари на заговор тврдат дека тоа е доказ дека вонземјани ја населуваат Црвената Планета. Видеоснимката која на интернет ја поставил теоретичарот на заговор Мајкл Чен детално опишува што наводно открила вселенската агенција НАСА.

Мајк објаснува дека по гледањето на снимките од Орбиталниот истражувач на Марс (MRO) забележал нешто бизарно.

„Овој огромен кратер е прв од таквите видови кои се појавиле во последните 11 години. Камерата со висока резолуција им овозможува на истражувачите да снимаат детални слики од разни предмети. Таа покажува дека дупката воопшто не е мала“, вели тој.

Истражувачите веруваат дека станува збор за голем колапс или удар. Мајк ја објавил снимката на 6 април на својот јутјуб-канал и од тогаш истата привлекла големо внимание.

На крајот на снимката тој ги прашал гледачите што мислат дека тоа би можело да биде, а еден од коментарите бил дека можеби ја користат оваа дупка за да сокријат супер колонија за луѓето кои ќе живеат на Марс.

Други сметаат дека е во прашање место каде што се кријат вонземјани, а трети коментираат дека на ова место претходно се водела голема војна.

(MRO) го почнал своето патување во орбитата на Марс во 2015 година ѝ им помогнал на истражувачите подобро да ја разберат оваа планета, со надеж дека еден ден ќе ја посетат.

 

Scroll to Top