Граѓаните на Ирак си го кажаа своето, време е Америка да си замине!

„Не гледам никого како закана. Мислам дека нашата политика е најголемата закана“, изјавил поранешниот американски конгресмен и претседателски кандидат, Рон Пол, за „Раша тудеј“.

Тој дополнил „што е премногу, премногу е“ мислејќи на амерканската воена вооружаност на Блискиот Исток.

„Сакам американскиот нарот да се разбуди и да каже „доста е“, изјавил 82-годишниот републиканец неколку дена откако началникот на НАТО, Јенс Столтенберг, соопштил како силите на сојузот останале во земјата, внатре во парламентарната влада во Багдад, која повикала на повлекување на сите странски воени сили тврдејќи дека силите на НАТО нема да останат подолго отколку што е потребно.

Долгогодишниот критичар на надворешната политика и интервенционизам на САД, како и противник на војната во Ирак, Рон Пол, изјавил дека одржувањето на американската присутност во регионот била лоша идеја.

„Нивната дефиниција за принуда многу се разликува од мислењата на другите луѓе. Луѓето во Ирак проговорија, а нивното законодавно тело дури и гласаше и даде порака дека треба да си одиме и мислам дека тоа е добра идеја“, изјавил Пол.

Иако голем број либерали и конзервативци се спротивставиле на американската воена интервенција, па дури и претседателот Трамп приватно ја нарекол ирачката војна „најглупавата работа што некогаш сме ја слушнале“, Пол објаснил дека постојат елементи во републиканските и демократските партии кои сметаат дека морално е да се задржат овие конфликти да одат понатаму иако всушност тие ја прават ситуацијата уште полоша.

„Поради нестабилноста и хаосот во Ирак, се создаде Ал каеда, а претходно во овој регион немаше некаков проблем од обемни размери. Тоа е реакција на нашата политика. Нашата политика поттикнува создавање омраза и организирање вакви радикали. Сè поголем број луѓе тоа го препознаваат, но, за жал, нашите влади, било да се републиканци или демократи, ја потврдуваат идејата дека имаме морална обврска тоа да го исправиме затоа што мораме да го шириме американското изобилство и да донесеме мир во светот. Но, секогаш постојат други причини поради кои тоа го правиме“.

Овие причини, предупреди Пол, имаат врска со огромни парични износи.

„Ние секогаш мораме да имаме непријатели што ќе нè нападнат, било да е тоа Садам Хусеин или Северна Кореја. Тие го користат тоа за да го оправдат продолжението на изработката на воено-индустрискиот комплекс“, објаснил тексашкиот политичар.

„Мораме да произведеме повеќе оружје, мораме да ги обновиме нашите нуклеарни системи, тоа оди понатаму и понатаму и мислам дека воениот профит е тој што го поттикнува сето ова. Тоа сигурно не е националната безбедност“, вели Пол.

Со оглед на кревкоста на американската економија и способноста на другите нации самите да ги решаваат проблемите, Пол вели дека би било најдобро Вашингтон да заборави на двете работи, трговските војни и воените конфликти.

„Некои денови тоа звучи како Северна Кореја да е најголема закана. Но, мислам дека таа нема да ја нападне Америка. Всушност, мислам дека ако ја оставиме на мир, Северот и Југот заедно ќе се согласат. Мислам дека олимпиското доближување на двете Кореи е одлично откритие и мислам дека делегацијата што отпатува на Север е одлично омекнвуање на претседателот на Јужна Кореја, како и омекнување на стојалиштето на нашиот претседател и се надевам дека тоа и понатаму ќе продолжи.

Не гледам никого како закана, мислам дека нашата политика е најголемата закана.

Зошто би сакале трговска војна и зошто би сакале да произведуваме проблеми со Кина и зошто би требало да предизвикуваме проблеми со Русија?“, прашува Рон Пол.

Scroll to Top