Грчки антрополог смета дека историјата за човековиот вид е лага

Во подрачјето на Халкидики, северна Грција, во 1959 година била откриена пештера што станала видлива по топењето на снежната покривка.

Човекот што го пронашол местото собрал група селани за да му помогнат да влезе внатре и да ја истражи. Тие откриле голем број сталактити и сталагмити, но тоа што ги изненадило бил човечки череп кој бил вграден во самиот ѕид. Подоцнежните истражувања откриле многубројни фосили од видови пред настанокот на човекот, животински влакна од крзна, фосилизирани дрва, но и алат од камења и коски, пишува ancient-origins.net.

Черепот е предаден на Универзитетот во Солун во Грција од страна на претседателот на заедницата „Петралон“. Тие постигнале договор, според кој, по направените истражувања, черепот требало да биде изложен во тамошниот музеј. Но, тоа никогаш не се случило.

Доктор Арис Поулијанос, стручен антрополог и член на Меѓународната унија за антрополошки и етнолошки науки во УНЕСКО, подоцна и основач на Антрополошката асоцијација во Грција, бил повикан од страна на грчкиот премиер да предава на Универзитетот во Атина.

Тоа се случило кога ја објавил книгата „Потеклото на Гркот“, во која се претставени резултатите од истражувањата, според кои Грците не потекнуваат од словенските народи. Кога се вратил во Грција, доктор Поулијанос дознал за откритието за черепите во Петралон и веднаш почнал со нивно проучување.

Се наведува дека човекот од Петралон е стар околу 700.000 години и дека е најстариот некогаш откриен во Европа. Истражувањата покажале дека човекот еволуирал поинаку и дека не е потомок од видовите од Африка.

Независните германски истражувачи Бреитингер и Сикенберг се обиделе во 1964 година да ги дискредитираат откритијата на доктор Поулијанос наведувајќи дека черепот е стар само 50.000 години и дека е во прашање предок што потекнува од Африка. Но, истражувањето објавено во САД 1971 година во престижното списание во археологијата ја поддржало теоријата според која черепот е стар 700.000 години.

Тие тврдења се засноваат на анализи на пештерските седименти во кој черепот бил вграден. Понатамошните истражувања на пештерата откриле и заби и скелети стари 800.000 години, но и фосили на некои други видови.

Денеска голем број академици кои ги анализирале остатоците од Петралон велат дека черепите им припаѓаат на архаичен вид хоминиди, кои настанале од хомо еректус, класичен неандерталец, и дека поседуваат карактеристики од сите овие видови, но и силни европски карактеристики. Овие черепи се стари 700.000 години и во целост одговараат на африканската теорија за човековата еволуција.

46 меѓународни истражувачи од 12 држави истражувале и во понатамошните ископувања ги поддржале тврдењата на доктор Поулијанос.

Истражувањето што е прекинато поради диктатурата во Грција е направено во 1983 година. Тогаш владата наредила ископувањата на тоа место да бидат забранети за сите, а 15 години никој немал пристап до археолошките ископувања.

Кога Антрополошкото друштво на Грција по 15 години го довело целиот случај пред суд, пристапот до пештерата повторно е одобрен. Од Министерството за култура од тогаш се обидуваат на сите начини да ја оспорат одлуката на судот. Судењето трае до денес.

Откритијата на доктор Поулијанос се спротивни на конвенционалните сфаќања за човековата еволуција, а неговите истражувања се сузбиваат. Доктор Поулијанос и неговата жена била физички нападнати и повредени во својот дом во 2012 година, а виновникот никогаш не е откриен. На него и неговиот тим им е забранет пристап до пештерата, а до ден-денешен не е позната ни локацијата на черепот.

Денес пред пештерата пишува дека черепот е стар 300.000 години, а на „Википедија“ е наведено дека е стар меѓу 160.000 и 240.000 година.

Најважниот заклучок од истражувањето на Поулијанос е дека човечкиот вид е многу постар од тоа што досега се мислело.

Scroll to Top