Хасан бил искористен од САД за бомбардирање на Сирија

Момчето од Сирија Хасан Диабу, кое стана познато во светот, по објавеното видео во кое тоа несвесно зело учество, со цел да се претстави дека силите на Башар ал Асад извршиле хемиски напад врз локалните цивили, само за да се оправда ракетирањето на земјата од страна на сојузниците Франција, Америка и Велика Британија.

Телевизискиот канал „Русија 24“ ја објави репортажата за момчето кое тврди дека било фатено и одведено во локалната болница ѝ каде му било ветено дека ќе му дадат печено месо и ориз, доколку соработува.

Во болницата го полиле со вода и го снимиле.

Хасан кој живее во Дума, заедно со неговото семејство било прегладнето.

“Бевме во подрумот. Мајка ми рече дека денеска немаме што да јадеме и дека ќе јадеме утре. Слушнавме викање на улицата, викаа: “Одете во болница. Потрчавме кон болницата и само што влегов, ме фатија и започнаа да ме полеваат со вода. После тоа не сместија во кревет со други луѓе”, вели малото момче пред телевизиските камери.

Зборовите на момчето ги потврдил и неговиот татко, кој изјавил дека во градот не се случил никаков хемиски напад.

Невладината организација “Бели шлемови” за која постојат низа контраверзии и наводна поврзаност со ИСИС, често ја обвинува владата на Башар ал Асад за напади со хемиско оружје.

 

 

 

Scroll to Top