Ким Џонг-ун има тајно оружје што го испрати на Олимписките игри

Северна Кореја има свој арсенал тајно оружје, многу помоќно од автоматска бомба, а тоа е нејзината женска делегација на Олимписките игри, пишува Би-би-си.

Таа делегација веќе со денови плени и го привлекува вниманието на светската јавност, пишува Лора Бикер за Би-би-си. Се наведува дека влијанието на сестрата на Ким Џонг-ун веќе со денови е главна тема на расправата во Јужна Кореја за чија облека, фризура и сѐ што прави се пишува на големо.

Би-би-си наведува и дека на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја сите очи ќе бидат свртени кон сестрата на лидерот на Северна Кореја. Но, не треба да се заборави дека Ким-Јо-јонг е кралица на пиарот на Северна Кореја, која во странските медиуми внимателно владее со имиџот на својата земја.

Поранешната водителка на новинската агенција „Асошиетед прес“ во Пјонгјанг, Јин Ли, истакна дека членовите на семејството Ким-Џонг-ун ретко може да се видат во јавност и дека затоа секогаш предизвикуваат големо внимание. „Тоа ја покажува заблудата на Северна Кореја. Ги испратија своите најубави жени“, вели таа.

Би-би-си истакнува во тој контекст дека заводничката мисија Северна Кореја ја почнала пред неколку недели кога во посета на југот била испратена поранешната членка на севернокорејскиот женски состав „Моранбонг“ и предводничката на севернокорејските уметнички трупи, а во медиумите тогаш повеќе се пишувало за нејзината бунда отколку за последниот нуклеарен тест на Северна Кореја.

Најновата севернокорејска офанзива е наречена „војска на убавици“. Се работи за навивачка група чии членки за мисијата се одбрани поради нивната убавина, талент и лојалност кон режимот.

Навивачките предизвикуваат вистинска конфузија меѓу новинарите што ги дочекале. Убавите девојки се облечени во црни шубари и капути и во придружба на обезбедувањето на сите прашања на новинарите одговарале со блага насмевка.

 

 

Scroll to Top