Кинезите се подготвуваат за слетување на Марс!

Директорот на кинеската вселенска програма, Су Дат, објави дека забрзано напредуваат работите на планираната мисија, со која Кина сака да го испрати вселенскиот ровер на Марс до 2020 година.

Агенцијата потсетува дека кинеското патување на Марс формално е најавено за оваа година како обид да се повтори успехот на американската мисија Viking 1 во која пред четири децении беше спуштен на таа планета.

„Ние би сакале да кружиме околу Марс, да слетаме на планетата и во истата таа мисија со роверот да извршиме извидување на околината, што е голем предизвик“, изјави директорот на Кинеската национална вселенска администрација.

Су Дат додаде дека Кина ќе продолжи да ја истражува можноста за цивилното користење на вселенската технологија и за тоа ќе побара соработници во странство.

Scroll to Top