Кога Рамзи ќе даде гол умира некоја славна личност, Велшанецот вчера погоди за Јувентус

Познатиот велшки фудбалер Арон Рамзи и стана познат на светската јавност по серијата црни настани кои ќе се случеа по секој негов постигнат гол за Арснеал. Кога тој ќе се радуваше на натпреварите, ден потоа ќе настрадаше некоја славна личност. Британскиот печат почна да тера шега со него, по секоја негова прослава на теренот.

Сезонава Рамзи направи преселба во Серија А, во италијанскиот шампион Јувентус. Тој вчера го даде првиот гол против Верона. Многумина смеаат дека неговиот погодок, може да се покаже како кобен за некоја светска личност, а има и такви кои сметаат дека проклетството на Рамзи заврши со промената на неговиот дрес.

Рамзи игра во средниот ред ѝ не дава често голови, но кога фудбалерот ќе постигнеше погодок за „топџиите“, следниот ден светот го напуштија Дејвид Боуви, Витни Хјустон, Стив Џобс, Робин Вилијамс и други.

Проклетството започна во 2011 година. Најголемиот светски терорист Осама Бин Ладен беше убиен од американски специјалисти, по првиот гол на Рамзи. Рамзи се радуваше и денот пред да почине основачот и директор на компанијата „Епл“, Стив Џобс. На оваа листа на Рамзи се најде и лидерот на Либија, Моамер Гадафи.

Многу теоретичари веруваат дека голот кој Велшанецот го постигна на 11. февруари во 2012 година против Сандерленд, се покажал кобен и за светската музичка ѕвезда Витни Хјустон. Пејачката утредента била пронајдена мртва од предозирање во нејзиниот апартман.

Жртва на проклетството на Рамзи бил и диктаторот и поранешен аргентински претседател, командант Хорхе Видела, кој починал 24 часа по голот на велшанецот против Виган во Премиерлигата.

Рамзи стрелаше прецизно и ден пред смртта на актерот Пол Вокер. Играчот на Арсенал тогаш беше прецизен против Кардиф, а филмската ѕвезда од „Брзи и Бесни“ загина следниот ден во сообраќајна несреќа.

Британскиот печат на шега пишуваше за уште едно име во низата на жртви на проклетството на Рамзи. Меѓу жртвите бил и популарниот актер Робин Вилијамс, кој се самоуби на 11 август 2014 година, ден подоцна откако на фудбалерот му се посреќи да постигне гол против тимот на Манчестер Сити.

Мистеријата продлжи кога Рамзи беше стрелец на погодок во ФА купот против Сандерленд на 9. јануари 2016 година, а следниот ден почина светскиот пејач Дејвид Боуви.

 

Scroll to Top