Крешмир Мишак: Зад лажната теорија за глобално затоплување се крие опасна намера

Теоријата за глобалното затоплување е многу лесно да се урне и едноставно е неверојатно дека таа приказна ќе помине во јавноста тукутака, вели во разговор за „Спутник“ авторот на култната емисија „На работ од науката“, хрватскиот новинар Крешмир Мишак.

„Доволно е да се сврти вниманието на фактот дека кога океаните се загреваат, испуштаат CO2, а кога се ладат, тие го апсорбираат, така што промената на CO2 е последица на промената на температурата“, објаснува Мишак.

Тој напомнува дека со приказот на глобалното затоплување, кој личи на една палка за хокеј, тенденциозно се исфрла од графиконот средновековното топло време и на тој начин сакаат да го заплашат целиот свет. Со ваквиот графикон кој ни е прикажан сакаат да нѐ убедат дека првично светот се лади, а потоа индустријата го подига нивото на топлина и испуштањето на емисиите на CO2 во воздухот. Но, тоа воопшто не е така, смета Мишак.

Мишак истакнува дека во 10 век дошло до глобално затоплување. Гренланд бил наречен green land или зелена земја, во гробовите се пронајдени сандали, а во Англија насади со винови лози.

„Тоа било време кога популацијата растела, ледниците не се топеле, а немало ни индустрија за тоа да го создава“, вели Мишак.

Тој смета дека парадоксално е тоа што сега не сме во период на глобално затоплување, туку, всушност, сме во период на глобално заладување.

„И кога луѓето упорно не би ги апсорбирале сите тие податоци што им се сервираат како готова работа уште рано во училиштата, тогаш би можеле да ја видиме вистинската слика, како што јас ја видов околу себе. Возам велосипед главно во Загреб и си мислам како е можно во јуни и јули да бидам закопчан до врат, во септември во соседна Словенија да врне снег. Така што тоа се случува, сведоци сме на голема зима во Романија, Бугарија, Америка, снег има и во Сахара. И тогаш повторно ни се сервира приказната за глобалното затоплување.

Мишак објаснува дека целата приказна, всушност, зад себе има една сосема друга агенда и дека може да се препознае дека е многу важна од причина што од неа не се откажуваат по никоја цена. Но, податоците, едноставно, не говорат во прилог на тоа.

Scroll to Top