Лигата на шампиони е „наместена“

Голем скандал го тресе најелитното европско фудбалско натпреварување, Лигата на шампиони, пред почетокот на ждрепката за полуфинале, која треба да се одржи денеска попладне.

Станува збор за продажба на билети за меч меѓу Рома и Ливерпул и дека противниците се знаат иако ждрепката сè уште не е одржана.

Се случи чудо во ¼ финалето во Рим! Рома по 1:4 на стадионот „Камп ноу“ успеа да ја победи големата Барселона на домашен терен, на „Олимпико“, со 3:0!

Едно од најголемите чуда во историјата на фудбалот!

Но, како и секое други чудо, така и оваа магија не може да мине без скандал.

На „Твитер“ се појавија фотографии од билет за полуфинален меч во Лигата на шампиони меѓу Рома и Луверпул.

И сето тоа неколку часа пред почетокот на ждрепката во Нион.

За што се работи и што навистина се случува, ќе биде јасно во наредните неколку дена, а до тогаш на фановите на фудбалската игра им останува да се прашуваат дали најелитното европско натпреварување е „наместено“.

На официјалната страница на Рома пишувало дека по билетот за мечот во Серија А против Џенова, следниот што ќе може да се купи е тој за Ливерпул во Лигата на шампиони.

Ова стоело на официјалниот сајт на Рома неколку минути, а потоа е тргнато. Но, секако не било незабележано од навивачите, кои побрзале на социјалните мрежи да го објават наредниот противник на италијанскиот прволигаш.

 

 

 

Scroll to Top